Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов со реакција на молкот на ЕУ која не се противи на барањата на Софија кон Македонија за ревизија на историјата.
,,Во Втората светска војна, Бугарија беше сојузник на нацистичка Германија и ја окупираше #Македонија. Сега, #ЕУ бара Македонија да го избрише овој факт од учебниците по историја за да не се навреди #Бугарија. Дали би и рекле на некоја друга земја да го направи ова?”, прашува Николов користејќи го хаштагот #Дволичност.
Во Втората светска војна, Бугарија беше сојузник на нацистичка Германија и ја окупираше #Македонија. Сега, #ЕУ бара Македонија да го избрише овој факт од учебниците по историја за да не се навреди #Бугарија. Дали би и рекле на некоја друга земја да го направи ова? #Дволичност pic.twitter.com/xp1oE2spje
— Bill Nicholov (@BillNicholov) December 20, 2021
Предходно тој побара акција од Македонците против режимот што го брише нивниот идентитет.
,,Кога режимот се обидува да го избрише целото твое постоење, не смееш да бараш изговори за неактивност или да објаснуваш зошто „ништо не може да се стори“. Мора да станеш и да се браниш себе и својот народ. Нашето име е #Македонија. РАЗБУДЕТЕ СЕ, и помогнете ни да си го вратиме”, стои во јавниот апел на Николов до Македонците.
Кога режимот се обидува да го избрише целото твое постоење, не смееш да бараш изговори за неактивност или да објаснуваш зошто „ништо не може да се стори“. Мора да станеш и да се браниш себе и својот народ. Нашето име е #Македонија. РАЗБУДЕТЕ СЕ, и помогнете ни да си го вратиме. pic.twitter.com/kS1CQENMyp
— Bill Nicholov (@BillNicholov) December 14, 2021