Николоски: Уставни измени, само ако се примени „хрватскиот модел“

Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија рече дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј потпоретседател е, под овие услови нема да гласа а промена на уставот.

„Нема ниту еден пратеник во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ кој што сега е подготвен да гласа за промена на Уставот“,рече Николоски.

Како што рече, нема да прифатат промени во Уставот, освен ако се примени хрватскиот модел каде што ќе стои дека Македонија е национална држава на македонскиот народ.

„Освен ако се премислат за хрватскиот модел и да напишат дека Македонија е национална држава на македонскиот народ, тогаш се уште стоиме на хрватскиот модел“,додаде Николоски.

Николоски истакна дека македонскиот систем не познава ад хок комисија за уставни промени.

„Процедурата е многу јасна. За да се смени Устав има три фази. Првата фаза е со двотретинско мнозинство да се гласа таканаречена потреба за промена на Устав. Потоа во рамки на Собранието има уставна комисија која подготвува текст кој поминува со 61 пратеник. Истиот потоа се дава на јавна расправа, се собираат мислења од експертите и како финален тескт оди уште еднаш во Собранието со двотретинско мнозинство. Целата процедура трае 105 денови. Ова е устваната процедура во Македонија. Се друго е играње детски игри“,рече Николоски.