По завршувањето на 100-те од доаѓањето на Владата ВМРО-ДПМНЕ ќе покрене прашање за доверба на Владата во Собранието.
Актуелната влада беше формирана на 31 август.
„И очекуваме Владата да не ја добие довербата, односно најмалку 61 пратеник да изгласаат недоверба на Владата на Зоран Заев“, најави денеска потпретседателот на партијата Александар Николоски.
„Заев е изолиран во намерата да го избрише македонскиот национален идентитет, да се откаже од историјата, а со тоа да нанесе штети на државата кои ќе имаат далекусежни последици кои што значат македонската држава да нема право да се темели на илинденското и антифашистичко наследство, тоа е она што го прави Зоран Заев овие денови“, рече Николоски.
Според него, Заев ова го правел „за фотелја, за власт и бизнис интереси, за своите фирми во Македонија, но и за своите фирми во Бугарија“.
Во името на најголемата опозициска партија тој ги повика сите граѓани на протести и да ги поддржат во, како што рече, одбрана на националните интереси кои под мотото ‘Оставка на Заев, слобода на народот‘ вечерва треба да се одржат во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола.