Николоски: Потребно е криминалот и корупцијата да се удрат во чело

„Клучно е криминалот и корупцијата да се удрат во чело. Криминалот и корупцијата се на врвот по политичките партии СДСМ и ДУИ после тоа тие се разгрануваат надолу и го уништуваат општеството“, предупредува Александар Николски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа, Николоски потенцира дека во моментов нема службеник во било која институција од најниско до највисоко ниво кој или не е демотивиран и не си ја врши работата или не е корумпиран. Единствениот начин да се мотивираат вели тој, е да се корумпираат, а тие кои се чесни се демотивираат бидејќи не сакаат да влегуваат во таква шема, а останатите се корумпираат. Затоа државата според Николоски е во ваква ситуација каква што е.

„Нема сектор во кој нема корупција во моментов во Македонија и тоа е тажната вистина за состојбата во која е доведена државата“, изјави Александар Николоски.