Во коментар за Дојче Веле на македонски јазик екс министерот за надворешни работи и вицепремиер Никола Димитров вели дека уште кога го претставувал пакетот, тогашниот премиер Петков јавно кажал дека не се работи за подигнување на ветото, туку за негово развлекување.

Суштинскиот проблем на ова решение, е што не е решение, смета Димитров кој бара ново луѓе да го решаваат бугарскиот проблем затоа што Ковачевски и Османи истиот дома го претставувале лажно за да да преживеат политички.

,,Бугарија со амин на нашата влада, успеа своите желби да ги вгради во европскиот процес. Нешто што не беше прифатливо за речиси сите земји членки на Унијата додека ние водевме принципиелна политика.
Кога ја сменивме политиката ние самите ги аминувавме овие желби.
Притоа, тие желби се невозможни, бидејќи се темелат на антицивилизациската теза дека македонскиот идентитет и јазик се вештачки. Едноставно, за да одиме напред по патот, треба да ја задоволиме Бугарија. За да ја задоволиме Бугарија пак, треба да се согласиме на оваа идентитетска агресија врз нас самите.

Има излез од овој чвор, но за тоа ни треба сосема поинаква политика, што претпоставува и друга политичка гарнитура што ќе пристапи кон проблемот без да го злоупотребува за политички да преживее дома лажно претставувајќи се како проеверопска”, пишува Димитров кој го договори првиот Договорот за пријателство со Бугарија потпишан во 2017 година а подоцна го потпиша и Договорот од Преспа.

Се додека не беше избркан од владата како вицепремиер за евроинтеграции на почетокот на 2022 година Димитров не ја критикуваше владата но откако не е во неа тој интензивно ја критикува обвинувајќи ја за предавство.