Трет ден откако се случи немилиот настан во кој загинаа 45 македонски државјани, а од институциите ниту трага, ниту глас.Од ден во ден јавноста се повеќе се шокира од избегнувањето одговорност и префрлањето на вината од една на друга институција. Како што се зборува во јавноста, ова е трет случај за многу краток период кој останува без брза разрешница и без конкретни информации за сообраќајната незгода во Република Бугарија.

Државниот инспекторат за тоа што Беса транс немала лиценца вината ја префрла на царинската управа, а инспекторот вели дека тоа не влијаело на несреќата. Царинската управа вели доколку имало пропуст во контролата, сепак факт е дека автобусот превезувал патници без лиценца подолг период. Од Беса транс веќе трет ден не излегуваат со соопштение и немаат конкретни информации за тоа зошто автобусот превезувал патници без лиценца, а исто така и телефонските линии се затворени.

Линк до целито текст.