Активистот за човековите права на Македонците кој живее во Австралија, Крис Анѓелков, бара симболична борба против новото име на Македонија од страна на македонските спортски клубови на седмиот континент.

Тој предлага по примерот на селекциите на Нов Зеланд кои пред мечевите ја играат играта Хака и македонските тимови да играат игра која ќе означува отпор против Северна.

,,Со катастрофалната политичка ситуација во Македонија со предавството, корупцијата и криминалот што ја симнуваат земјата на колена, ние во дијаспората сме речиси беспомошни да направиме нешто околу тоа.
Предлагам симболичен, но значаен одговор што би можеле да го преземеме. Можеби пред секој натпревар фудбал, австралиски фудбал, ракомет или рагби што го играат македонските репрезентации, нашите играчи би можеле да изведат нешто слично како новозеландската „Хака“ со наш гласен и горд повик на
„Никогаш Северна Само Македонија!
На овој начин го чуваме пламенот дека никогаш нема да ја прифатиме оваа незаконска промена на нашето име”, предлага Анѓелков како начин на борба на дијаспората против Северна.

Поракат на Ангелков на англиски јазик:

With the disasterous political situation in Macedonia with treachery, corruption and criminality pulling the country down to its knees, we in the diaspora are almost helpless in doing something about it.
I propose a symbolic but significant response that we could undertake. Perhaps before every game of soccer, Australian football, handball or rugby that Macedonian teams play, our players could perform something similar to the New Zealand “Haka” with our own loud and proud call of “Nikogash Severna Samo Makedonija!”
In this way we keep the flame burning that we will never accept this illegal change of our name.