Со „Поворка на живите“ која ќе се движи од Музеј на Град Скопје до стариот скопски монопоил (сега Империал Тобако) денеска започнува обележувањето на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи, кое а во организација на Еврејската заедница на РМ и на Фондот на Холокаустот и под покровителкство на владата.

Манифестацијата се одржува под мотото „11 март 1943 – Никогаш повеќе”,

Најавени се обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претседателот на парламентарната група за пријателство Израел- Северна Македонија, Хамад Амар, како и на Ернест Херцог од Светскиот Еврејски Конгрес, Мариа Багдасарова од Европскиот Еврејски Конгрес и Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во земјава.

На Градските гробишта Бутел каде ќе биде положено цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци во НОБ.

Вечерва во Националната опера и балет ќе се одржи комеморативен концерт на кој се очекува да се обратат премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Израел, Симона Франкел, претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер. (Независен)