Ниту во Уставот ниту во Преспанскиот договор нема забрана за приватни ентитети кои не се финансираат од државата за нивни активности во странство, да го имаат името „Македонија“ во својот назив, изјави за „Слободен печат“ поранешната министерка за правда Рената Тренеска- Десковска.  

Додека била министер за правда, Дескоска вели дека одобрила десетици барања за користење на името „Македонија“, „Македонци“, „македонски“, за институции што не се финансирани од буџетот.  

„Додека јас бев министер, беа одобрувани сите барања со употреба на овие термини. Од позвучните имиња  што во мое време добија дозвола за користење на името Македонија е фирмата „А1 Македонија“ која е ребрендиран „ВИП“.

Нема забрана ниту во јавните изјави на граѓаните да се користи терминот „Македонија“, „Македонци“, „македонско“. Името „Северна Македонија“ е обврска при официјална комуникација – вели Тренеска-Десковска за Слободен печат.