Претседателот Стево Пендаровски, сепак, присуствуваше на 35. Охридски пливачки маратон, иако во средината на август крена раце од него како покровител, а за да не згасне најголемата традиционална меѓународна спортска манифестација во државата, и тоа на 60-годишнината од првата трка, Советот на Општина Охрид дополнително издвои два милиона денари.

Потегот на Пендаровски наиде на бура од негодувања на социјалните мрежи, од каде што издвојуваме дел од реакциите под неговата објава на Твитер:

„Брука невидена“;

„Леле, леле, каков безрбетник. Нели го пушти низ вода маратонот? Што се местиш за сликање сега? Мислиш дека заборавивме? Ајде сега МАРШ“;

„А бе не ти е барем малку срам?“;

„Се откажа од маратонот, па се кити со туѓи перја…“;

„Не ти е малку незгодно тоа што си отишол, па уште и се сликаш?“;

„Се откажа од покровителство, денар не ти текна да платиш, сега посакуваш? Се слушаш што збориш и што ти пишува администраторот? Не ти е срам секој ден нов блам?“;

„Човек без срам, без перде, кој, ако не бил претседател, би се отселил од државата. Не ги баксузирај децата, гитла оттаму!“;

„Добро бе, не ти е срам? Барем тронка достоинство?“;

„Човекот е на маки – тамам да се исели, претседател го направија ДУИ… и сега се брука кај ќе стигне“;

„Маратонот кој вие како владеечка партија не сакавте да го финансирате?“;

„Oбраз НУЛА… се откажа и не го поддржа, а сега одиш таму да даддеш поддршка… С Р А М О Т А“.