Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска со изјава со која не остава простор за било каков компромис околу Гоце Делчев.

За шефот на бугарската влада Гоце Делчев е бугарски револуционер и еден од најсветлите умови од бугарската историја.


Тој според Петков е дел од заедничката историја на Бугарија и Македонија која ги правела горда двата народи.

Петков во обраќањето не користи македонски народ, Македонци туку само народ и ,,луѓето” од Северна Македонија.

,Денеска ја славиме 150-годишнината од раѓањето на еден од најсветлите умови во нашата историја – бугарскиот револуционер Гоце Делчев. Тој е еден од симболите на борбата за слобода, идеолог на македонско-одринското револуционерно ослободително движење. Гоце Делчев е составен дел од нашата заедничка историја со луѓето од Северна Македонија. Тој е еден од личностите кои ги прават горди и двата народа”, се вели во обраќањето на Петков кој од страна на претседателот на Македонија Стево Пендаровски е спореден со Нелсон Мандела.