Ни Ибраимоски не го признава пописот: Статистика, дали сте нормални? Срамота!

Кон хорот критики за резултатите од пописот се придружи и претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимоски.

„Статистика, дали сте нормални? По ваше, само умирале Роми, не се раѓале. Брука невидена, 30 отсто не се попишани. Директоре, на тебе лично јас ти се јавував дека не биле попишувачи во многу градови, еве што се случи. Срамота!“, реагира лидерот на партијата од владината коалиција, поранешен министер за имплементација на Стратегијата за Роми и подбрување на состојбата на Ромите во Македонија и експратеник.