Ни две дози „синофарм“ не помогнале… почина пациент

Во Клиничката болница во Тетово вчера починал 62-годишен пациент кој бил заразен со ковид-19 иако претходно примил две дози од вакцината на „Синофарм“.



Починатиот освен што бил позитивен на ковид-19 имал и други заболувања, јави Сител.

Според раководителот на ковид центарот во Тетово, д-р Гзим Нуредини, втората доза од вакцината на „Синофарм“ пациентот ја примил на 6 јуни, но имал и коморбидитети меѓу кои хронична бубрежна болест, кардиомиопатија и хипертензија.

-Пациентот починал вчера. Не сакаме со овој случај да ги уплашиме другите лица кои имаат коморбидитети и ова да им послужи како изговор да не се вакцинираат. Овој случај е малку тешко да се објасни. Познато е дека вакцинираниот може да се инфицира и да биде позитивен и на брис и на клиничка слика. Во овој случај имавме пациент кој имал хронични бубрежни проблеми, хипертензија а воедно бил и позитивен на тест и сето тоа го правело како тежок пациент – изјави д-р Нуредини.