Ниту новата вработена во протоколот на МНР, контроверзната Бесмира Ејупи, не го спречила дипломатскиот инцидент на средбата меѓу шефот на дипломатијата Бујар Османи и шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон.

На средбата меѓу двајцата министри гостинката од страна на протоколот на Османи
од непознати прочини била дочекана со знаме кое не е на нејзината држава Словенија.

Наместо државното знаме на Словенија Фајон била дочекана со знаме на Република Чешка.

Двете знамиња се многу слични но дури и аматери дипломати можат да направат разлика меѓу националните симболи на Словенија и Чешка.

Македонската влада и кабинетот на претседателот Пендаровски во изминативе години направија низа дипломатски гафови но ова е првиот што се случува во МНР каде се вработени луѓе со исклучително добро познавање на дипломатските правила и протоколи и затоа се смета за катастрофален.

Пречекување на гостин од странство со туѓо знаме во дипломатијата се смета за навреда.

Дали овој гаф има директна врска со Бесмира Ејупи засега не е познато но затоа станува јасно дека луѓето кои во МНР со години се грижеле за протоколот или се тргнати на страна или веќе не се во министерството.

МНР и министерот Османи досега не се извинија на Фајон и Словенија.

Фотографијата е од видеото објавено од страна на Канал 5.

На социјалните мрежи Османи и МНР немаат објавено видео и слики од инцидентот.