Ни 25 мртви како последица од Ковид-19
кои денеска ги објавија здравствените власти не ги спречија новиот градоначалник на Штип и неговите сопартијци да слават со блех музика во локалното седиште.

Иако низ цела Македонија се забранети собири како овој во Штип засега нема информација дека на терен излегле здравствените инспектори или припадници на полицијата.

Примерот што го дава новиот градоначалник на Штип кој е лекар по професија за граѓаните е двоен стандард освен ако утре нарачателот на музиката и организаторот на забавата не добијат кривична пријава за загрозување на јавното здравје.