„Регистрирањето на Словените од * Македонија како Бугари е веќе постојан процес. Токму овој реален факт покажува дека * Македонија ќе се подели набргу. Таа опстојуваше во замрзната состојба, бидејќи Словените, кои живеат таму, беа неидентификувани. Во * Македонија беа идентификувани само Албанците со својата историја, која трае илјадници години. Албанците очекуваат да бидат идентификувани и Бугарите таму. Регистрирањето на Словените од * Македонија како Бугари покажува дека тие очекуваат територијално да се обединат со Бугарија. Ако Бугарите од Македонија се обединат со Бугарија, тогаш и Албанците со својата етничка територија ќе се обединат со Косово во Етничка Албанија.“ – изјави за весникот на албански јазик „Бота сот“ од Приштина Спартак Нѓела. Тој е адвокат, бил поранешен министер за правда во 1997 година, основач на албанската партија Закон и правда во 2008 година и пратеник во албанскиот Парламент од 2005 до 2009 година.
Оваа најнова великоалбанска провокација за Македонија и Македонците Нѓела ја даде во изјава за „Бота сот“, коментирајќи ја средбата на премиерот на Косово Албин Курти со српскиот претседател Александар Вучиќ и претставниците на Европската унија Жозеп Борел и Мирослав Лајчак. Кон крајот на годинашниов јуни Нѓела веќе се огласи со својот мегаломански став дека се очекува „создавањето и на третата албанска држава во Западниот Балкан со еден милион Албанци од Македонија, покрај двете други држави Албанија и Косово“.
„Бота сот“ ги пренесува најновата изјава на Нѓела: „Овие антиалбански поставени претставници на меѓународната заедница воопшто не разбираат дека на Косово не му треба договор со Србија, бидејќи Албанците ја победија Србија во војна. Гарантот на таа војна се Соединетите Американски држави. Лајчак е обземен од страв дека албанството триумфира низ сиот албански свет на Илирскиот полуостров.’ – напоменува Спартак Нѓела“.
„Словените не можат повеќе ништо да сторат против Албанците.’ – рече тој, предупредувајќи дека не постои сила, која може да ги порази двете албански држави во Илирскиот полуостров.“
„Албанците напредуваат кон максималното албанство. Историјата на Албанија сега се движи заедно со историјата на Косово. Набргу ќе се види моќта на двете албански држави на Илирскиот Полуостров. Не постои повеќе сила, која може да ги победи двете албански држави. Албанството сега ја создава современата и вистинска историја на Етничка Албанија, овој процес сигурно ќе продолжи да се одвива во насока на обединување на сите албански области на Илирскиот полуостров.’ – изјави Нѓела.“