⚠️Бидејќи во јавноста има голем интерес околу сигурноста на системот за издавање на биометриски патни исправи и кој од повисоките владини структури можел да биде во тек со издавањето на 214 пасоши на нарко-босови со украден идентитет во случајот “Мафија”, до премиерот Заев поставив едноставно пратеничко прашање:
📌 Дали Вие лично се имате сретнато со турскиот државјанин Седат Пекер, по кого Турција и Интерпол трагаат со меѓународна потерница?
Ова е дел од пораката упатена од пратеникот Антонио Милошоски до премиерот Заев.
“И да појаснам, не е од примарен интерес дали евентуалната средба Заев-Пекер била службена, неформална, во приватен дом, во работен ден или за викенд”, му порачува Милошоски на премиерот Заев во јавната порака за средба со турскиот мафијаш кој добил пасош со лажен идентитет од МВР на Оливер Спасовски.