Незгодна порака од Агелер до тие што (не) преземаат мерки за (не)казнување на луѓето од црната листа и други корумпирани лица

Амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер на денешната прес-конференција, по ставањето на бизнисменот Јордан Камчев и градоначалникот на Струга Рамиз Мерко на црната листа на САД меѓу редови упати интересна порака до македонските власти кои имаат влијание или вршат директна улога во правосудниот систем.

Таа дефинитивно потврди дека може да има уште македонски граѓани на црната листа на САД и призна дека повеќе луѓе во моментов се истражуваат за да се одлучи дали ќе бидат ставени на неа.

„Не можам да кажам која личност би била следна. Ова е многу сериозно назначување. Има повеќе личности и организации кои во секој момент се разгледуваат“, одговори Агелер на новинарско прашање за другите кандидати за црната листа на САД.

Агелер потенцираше дека корупцијата, во каква било форма, не треба да се толерира, и индиректно повика македонските органи да преземат мерки за борба против неа.

Од изјавата на Агелер не е најјасно дали со оглед на тоа што шест недели македонските власти не презедоа ништо за расчистување на мрежата околу Рамиз мерко кој е на слобода и без пресуда со 30 кривични пријави САД, на црната може да се најде некој од тие што му помагале на струшкиот градоначалник да се спаси од правдата.

Засега неофицијални извори во ДУИ типуваат дека екс министер на ДУИ кој сега има врвна улога во правосудството, е најсериозен кандидат да биде следен македонски граѓанин на црната листа на САД.

Агелер денеска порача дека не може САД да гони и апси во Македонија туку тоа треба да ги сработат македонските институции.

„Верувам дека медиумите и јавноста во оваа земја имаат улога и се надевам дека тие ќе ги прашаат надлежните тука дали сметаат дека треба да преземат нешто. Ние нема да дојдеме во С. Македонија да апсиме некого или да почнеме правен процес против нив, но интересно ќе биде да се види какви дејствија ќе бидат преземени по означувањата. Не е моја работа како амбасадор на САД да им кажувам на институциите тука што треба да преземат“, изјави амбасадорката.

Доказите за личностите што се ставени на црната листа на САД, според Агелер се собрани во Македонија и следните мерки зависат од надлежните органи, со тоа упатувајќи му порака на обвинителството пред се, дека САД внимателно следи што се прави за случаи за кои има докази.

Во примерот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од ДУИ, тим од државното обвинителство отиде да изврши увид во бликираните тековните истраги но досега нема одговорност за никого.

По увидот на обвинителството нема уапсени или обвинети во врска со истрагите на Мерко, за кои Стејт департментот и амбасадата тврдат дека влијаел врз постапките што се водат против него.

Агелер повтори дека ако сака С. Македонија да ги надмине предизвициите кои се пред неа, одговорните за корупција мора да одговараат.

Американското Министерство за финансии вчера го прогласи Орце Камчев за лице кое е закана за стабилноста на Западен Балкан преку корупција.

„Господинот Камчев ја злoупотребуваше својата позиција, беше вклучен во коруптивни активности и спроведуваше агенда за сопствена корист на сметка на македонските граѓани и демократски институции“, изјави потсекретарот во Министерството за финансии задолжен за тероризам и финансиско разузнавање Брајан Нелсон.

Многу поврзана вест

Бујар Османи ужива во мезе со сериозен кандидат за ,,Црната листа” на САД (ФОТО)