Два дена по масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ каде 13 годишник уби член на училишноо обезбедување и уште 8 соученици, полицијата од училиштата добила 25 пријави во кои се наведува дека некои ученици го имитираат Коста Кецмановиќ, кој го направи масакрот.

Децата симулираат пукање, убивање, прават списоци со имињата на децата што наводно ќе ги убијат.

Осум ученици и еден обезбедувач пред две дерна загинаа во пукотница во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Малолетниот напаѓач К.К. приведени се и неговите родители, а на таткото на момчето му е одреден притвор до 48 часа.

Според информациите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, момчето осомничено за кривичното дело е на посебно место, а ќе биде сместено во посебен дел од клиниката за невропсихијатрија.

Бидејќи К.К не наполнил 14 години, според важечкиот закон не може кривично да одговара.