Партијата Независни Грци (АНЕЛ),на Панос каменос,  поранешен партнер во владејачката коалиција на СИРИЗА, соопшти дека вчера поднеле барање до УНЕСКО за „заштита на нематеријалното културно наследство на Македонците, кое го вклучува името на нашата Македонија“.

Во соопштението од партијата, која остро се спротивставуваше на Пресповскиот договор,. Велат дека со ова тие „направиле прв чекор кон правдата“, пренесува „Етнос“.

„Бараме заштита на ексклузивната употреба на термините Македонија, македонско,  кои започнало пред 2.500 години и продолжува до денес”, се вели во соопштението.

„Бараме наследството на Македонците да биде вклучено во Листата на нематеријалното културно наследство на човештвото на УНЕСКО“ се вели во соопштемнието.