Деновиве повторно сме сведоци на вандалски чин на неколку локации каде од страна на несовесни граѓани оштетени се повеќе детски игралишта во Аеродром, пишува Независен.
Во изминатите неколку денови, општинските служби затекнаа оштетени детски игралишта, уништени спортско – рекреативни реквизити и урбана опрема на повеќе локации во општината.
„Најстрого го осудуваме овој вандалски чин и апелираме до граѓаните да бидат совесни кон јавните површини. Истовремено бараме од надлежните државни институции со засилени активности да ги спречат појавите на вандализам во општината.
Урбаната опрема, детските катчиња и спортски игралишта се наша заедничка сопственост и одговорноста за нивно одржување е на сите нас“, велат од општината.
