Независниот истражувач Гоце Панговски кој живее во САД во емисијата ,,Заспиј ако можеш” цитира десетина различни научни докази за различноста на потеклото на Бугарите и Словените, меѓу нив и Македонците.
Панговски пред новинарите Горан Момироски и Драган Милосављевиќ цитира бугарски научници и бугарски научни дела од кои јасно се гледа разликата во потеклото меѓу Македонците и Бугарите.
Дел од цитираните извори се врвни бугарски научници а дел се со потпис на Бугарската академија на науките.
Панговски во емисијата демистифицира и други бугарски позиции за потеклото на Македонците и македонскиот јазик кои официјална Софија упорно се обидува да ги присвои.
https://www.facebook.com/AlfaTelevizijaMk/videos/740491283799622/