Независен: Бугари во Баница ќе положеле цвеќе за Гоце

Првиот човек на бугарската Фондација Македонија, Виктор Стојанов ќе одел во Баница, за да положи венец и да процени каде да стават спомен плоча на, како што вели, бугарскиот револуционер Гоце Делчев, дознава „Независен“.

Делчев загина во Битката кај Баница во борба водена помеѓу четата на Македонската револуционерна организација на чело со Гоце Делчев против турскиот аскер кај серското селото Баница во 1903 година.


Стојанов, инаку, се најде на „црниот список“ на МВР и не му беше дозволен влез на последното одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во февруари годинава.

За посетатат на Баница, тој изјави дека за тоа добиле дозвола од властите во Грција, а на чинот денес ќе одржи молитва и свештеник.

За најновиот поход по наследството од Делчев Стојанов обезбедил бесплатен превоз за сите што сакаат да се приклучат, објави „Независен“.