Центар, Дебар Маало, Кисела Вода, Аеродром се само дел од населбите кои останаа без струја, по силното невреме кое попладнево го зафати главниот град.

Од ЕВН информираат дека екипите на Електродистрибуција се на терен со цел брзо да интервенираат, а корисниците се префрлуваат на алтернативни напојни точки.