Невладин активист што ја поддржа Владата се соочи со жестоки критики

Невладиниот активист Марко Трошановски од Институтот за демократија – Социетас Цивитас, кој во јавноста важи за умерен поддржувач на СДСМ и политиките на Зоран Заев беше жестоко критикуван на Твитер каде отворено и директно ја поддржа владината коалиција во обидот парламентот да почне да работи онлајн.

“Собранието на Македонија мора што поскоро да развие и усвои алатки за онлајн работа. Уставот дефинитивно не е пречка. Немањето алтернатива или одбивање на онлајн заседавање е свесено и наменско попречување на работата на законодавното тело и придонес кон генерирање на криза”, напиша Трошановски на Твитер.

Одговорите укажуваат дека меѓу обичните луѓе нема поддршка за оваа идеја се додека за сите други граѓани нема работа од дома и тие мораат да ризикуваат да одат на работните места и да заболат од коронавирусот.

Коментарите што ги доби Трошановски на следниот твит, меѓу нив речиси и нема коментари со поддршка за неговите ставови.

Трошановски во дипломатските кулоари се смета за кандидат за македонски амбасадор во една западна дестинација во наредниот круг на испраќање на дипломати.