Добива ли Македонија Полиција за морал и погрешно размислување какви што постојат во некои држави со Шеријатски закони.

Ова прашање е логично по неверојатното признание на шефот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски кој денеска пред медиумите призна нешто што не би признал ни човек без или со нарушена деловна способност.

Димовски пред новинарите даде јавно признание за прогон на вербален деликт од страна на АНБ каков што ретко се гледал дури и во времето на Тито во СФРЈ.

Според Димовски тајната служба проверувала морален кредибилитет на човек што барал одговорност од него и од други фактори за скандалот Онишченко.

Злоупотребата на Димовски по ова признание оди најмалку на неколку нивоа.

Прво тој лично се пресметува и ја злоупотребува АНБ за човек кој барал одговорност за него а не го споменува со име и презиме.

Второ тој не смее да гони никого за своите лични убедувања, морални вредности или ставови затоа што тоа го забранува и уставот на Македонија и сите релевантни меѓународни узанси.

И трето во случајот не се работи за загрозување на националната безбедност од страна туку за укажување дека Димовски и други лица не го почитувале законот и процедурите во случајот Онишченко.

И покрај тоа Димовски признава дека тој како шеф на АНБ наредил и спроведувал проверка на морален кредибилитет на политичар кој побарал одговорност која не ја негира ниту Димовски.

Овој дел од изјавата е по 12 минута и 30 секунди.

https://fb.watch/gTtLGnnokR/