Неверојатни милијарда фалсификувани долари запленети во Турција

Уапсени шест лица при акција на турските безбедносни во која биле запленети една милијарда фалсификувани долари во Истанбул, соопшти канцеларијата на гувернерот.

Меѓу уапсените има и еден државјанин на Гана и тројца шведски државјани.

Припадници на жандармеријата ги следеле осомничените до магацин во областа Кагитане во Истанбул, каде што ги заплениле лажните банкноти од 100 долари, соопшти канцеларијата.