Иако министерот за правда Маричиќ се обиде да го прикаже како неважен приватен гостин кој нема никаква функција утре екс еврокомесарот Јан Фигел доаѓа во Скопје на официјална средба со премиерот Заев.
Притворот за бизнисменот Орце Камчев со помош на спорна службена белешка на Агенцијата за национална безбедност е само една од причините за загриженоста на Европа дека во Македонија се врши државна одмазда и политичка пресметка со противици на хибридниот режим на Зоран Заев.
Порталот Плусинфо јавува дека Фигел кому минатата недела владата првично одби да му дозволи влез во “Шутка” на средба по што на крајот мораше да го пушти да се сретне со Камчев, утре се враќа во Скопје.
Фигел ќе има повеќе средби со високи владини претставници иако од Маричиќ беше прикажан како човек без никаква функција.
Маричиќ досега не се извини ниту на Фигел ниту на владата на државата од каде доаѓа.
Повеќе детали го анализата на плусинфо