Нетпрес: ЕПП демантира македонски медиум ,,инструмент на бугарска пропаганда”

Како весникот „Независен“, стана „зависен“ од Бугарската пропаганда, прашува агенцијата Нетпрес која информира за реакцијата на Европската народна партија која ги демантира пишувањата дека потпретседателот на ВРМО-ДПМНЕ, Александар Николоски добил забрана за говор во ЕПП.

,,Весникот Независен пренесе делови од бугарските медиуми дека Николоски добил забрана за говор во Стразбур. Оваа информација е веројатно објавена без проверка од домашни извори, со што самиот медиум се претвори во инструмент на бугарската пропаганда.

По ова, вчара стигна и демантот од ЕПП која е контра Бугарија и во одбрана на Николоски, потенцирајќи дека нема никаква забрана за зборување”, пишува агенцијата објавувајќи принт скрин од насловот на Независен.

Објаснување на случајот од порталот Курир побарале и од групата на ЕПП во ПССЕ, од каде што неофицијално потврдиле дека на состанокот имало реакција и расправија, но никој не се зборува за суспензија на правото на обраќање на Николовски во име на групата.

Според извори во ПССЕ, претседателот на групата не може да му забрани на потпретседателот да зборува во име на групата.

Николовски добил жестоки реакции од бугарски политичари кога на состанокот побарал одговорност од Бугарија за односот кон Македонците во оваа земја и за неспроведување на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур.