Нетанјаху јуниор: F*uck Turkey

Синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Јеир, објави контроверзен пост „Fuck Turkey“ на неговиот  Instagram акаунт .

Скандалозниот потег следуваше по дипломатскиот спор меѓу Израел и Турција кој започна во вторникот, кога Анкара го протера амбасадорот на Израел поради убиените 58 Палестинци за време на протестите на границата во Газа в понеделникот.


Соработниците на Нетанјаху за постот објасните: „Јеир Нетанјаху е приватно лице, како и неговата сметка на Инстаграм“.

Откако турското Министерство за надворешни работи му нареди на израелскиот амбасадор Еитан Нах да ја напушти Турција, тој на заминување беше понижуван од безбедносниот персонал на аеродромот во Истанбул, го натерале да ги извади и чевлите а турските медиуми  го снимале тоа, пишува израелски „Хаарец“.