Нетанјаху и рече фала на Македонија, други бараат уништување

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се заблагодари на 25 земји кои дадоа поддршка на Израел во конфликтот со Хамас.

“🇺🇸🇦🇱🇦🇺🇦🇹🇧🇦🇧🇷🇧🇬🇨🇦🇨🇴🇨🇾🇨🇿🇬🇪🇩🇪🇬🇹🇭🇳🇭🇺🇮🇹🇱🇹🇲🇩🇳🇱🇲🇰🇵🇾🇸🇮🇺🇦🇺🇾
Ви благодариме што решително стоите со 🇮🇱 и го поддржувате нашето право на самоодбрана од терористички напади”, напиша израелскиот премиер за 25 земји меѓу кои е и Македонија.


1) Соединетите држави
2) Албанија
3) Австралија
4) Австрија
5) Босна и Херцеговина
6) Бразил
7) Бугарија
8) Канада
9) Колумбија
10) Кипар
11) Чешка
12) Грузија
13) Германија
14) Гватемала
15) Хондурас
16) Унгарија
17) Италија
18) Литванија
19) Молдавија
20) Холандија
21) Македонија
22) Парагвај
23) Словенија
24) Украина
25) Уругвај

Но не сите инволвирани во конфликтот посакуваат добри работи.

На социјалните мрежи поддржувачи на Хамас се молат за уништување на Израел и сите земји што го поддржуваат, меѓу нив и Македонија.

„О Алах, уништи ги ционистите од Израел и сите нивни сојузници како што ги уништивте неверниците на Курајш во битката кај Бадр, Ахзаб и Табук, Амин Рабаламин”, се вели во еден пост на Твитер профилот Слободна Палестина.

Некои профили пак бараат да се бојкотираат производи од земјите кои го поддржуваат Израел.