Не(среќни) добитници на 4 милиони фунти на лото

Двајца Британци, добитници на 4 милиони фунти на лото, нема да ги добијат парите бидејќи имале криминално минато, а добитното ливче го платиле со украдена картичка.

36-годишниот Марк Гудрам и пет години помладиот Џон Рос Вотсон, добиле дури 4 милиони фунти, но бидејќи претходно биле осудувани, организаторите сметаат дека пријателите лото ливчето го платиле со украдена картичка.

Лотаријата заклучила дека добитното ливче било купено со дебитна картичка која им се дава исклучиво на лица кои се сопственици на банкарски сметки. Ниту еден од нив немал таква сметка, а приказната за тоа како платиле за лото ливчето, ја менувале неколку пати.

blob:https://www.thesun.co.uk/bb9d7f98-db0c-48e9-98be-dd121d2f93f9