Несреќа во „Бољшој“ театар во Москва – актер загина на сцена

Дел од сценски декор паднал врз актер за време на опера во светски познатиот „Бољшој“ театар во Москва.

Несреќата во која загина 37-годишникот се случила при промена на сценографијата, потврди одделот за односи со јавноста на театарот „Бољшој“.

Некои гледачи рекле дека прво мислеле дека несреќата е дел од продукцијата додека некој на сцената не извикал “повикајте брза помош! Тука има крв”.

Поведена е истрага за да се утврдат точните околности за несреќата, соопштија московските власти.