Неспособност или саботажа за заштита на криминал: Власта намерно не аплицирала за ЕУ пари

Огромен скандал во најава откако на површина излегоа документи дека македонските власти не аплицирала за пари од ЕУ фондови кои биле наменети за реформи во шумарство.

Со парите требало да се регулира областа која годишно Македонија ја чини околу 75 милиони евра колку што чини дивата сеча на дрва за огрев и пожари на шумски површини.

Во Македонија е јавна тајна дека поради лоша организација и мониторинг и добро организиран криминал и корупција дабови или букови дрва од дива сеча можат да се купат во секое време за 30 до 40 насто помалку од цената на на ЈП Македонски Шуми.

Со тоа штетата на државниот буџет е огромна.

Во 2019 Европската Унија со нивни експерти изработува 2 анализи за реформи во шумарството со акцент на измена на закони, имплементација на технологии, воспоставување на шумски катастар и трансформирање на Македонски Шуми во Агенција за шумарство.

Со цел да и помогне на владата Европската комисија во Скопје одделува 1.300.000 евра акционен грант и упатува повик со кој Министерство за земјоделство и шумарство заедно со ЈП Македонски Шуми треба да изработат апликација и во рок [октомври 2020 – февруари 2021] да ја достават.

Апликацијата треба да содржи се она што ЕК го напишала во повикот за реформи во шумарството.

Но, ЈП Македонски Шуми од засега официјално непознати причини не поднесува апликација со што повикот и парите се откажани, а со тоа и реформите во шумарството.

Една од можните причини за неподнесување на апликација за пари кои што веќе биле алоцирани е неспособност на владата да пополни апликација.

Луѓе упатени во ЕУ тендерите велат дека сепак многу поголема е веројатноста пасивноста на владата за барање пари од ЕУ фондовите да се должи на класична саботажа со цел корупцијата и криминалот во шумите да продолжи.

Според проценките на експерти годишната штета е над 50 милиони евра од илегална сеча на шуми а од пожари е половина од таа.

Доколку Македонија аплицирала и проектор на ЕУ беше имплементиран властите ќе мораа да ги санкционираат сите што заработуваат од македонските шуми.

Колку на власта и е важно шумите да останат неорганизирана и нерегулирана област најдобро се гледа од тоа што 5 години по ред Јавното претпријатие Македонски Шуми има негативни ревизорски извештаи што јасно кажува дека државата толерира криминал и корупција на своја институција.

Пасивноста при аплицирање на европски пари само дополнително докажува дека Владата на Заев не сака да го регулира шумарството по ЕУ терк затоа што ќе мора да запре со организираниот криминал.