Нештата отидоа предалеку: Зеколи бара истрага за Димитров и Османи

Нештата отидоа предалеку за да се сведат на сеир. По сите изнесени оптужби, упатно е да Владата отвори истрага со цел утврдување на вистината и преземање на одговорноста, пишува политичкиот аналитичар и екс амбасадор Арсим Зеколи откако Никола Димитров проговори за состојбата во владата за односите со Бугарија и искажа сериозни обвинувања за својот наследник на местото шеф на дипломатијата.

Според Зеколи кој потсетува и на некои други изјави од предходно истрагата треба да утврди неколку важни прашања:

– Дали се точни тврдењата на екс- Министерот за надворешни работи изнесени против актуелниот Министер за надворешни работи на Македонија за дејствување надвор од утврдените рамки од страна на Владата на Македонија.

– Дали се точни тврдењата дека екс-Министерот за надворешни работи бил оценет со квалификации за “опасен како корона” од страна на Евро-Комесари и со обвинувања дека вршел непријателска пропаганда против соседни земји.

– Дали од страна на странски Амбасадори во Македонија се изнесувани поплаки за третманот кон нив од страна на сегашниот или минатиот министер за надворешни работи.

– Дали некој од Министрите за надворешни работи соработува со странски служби и – доколку да – зошто не е заведен како таков во домашните служби.

Димитров го обвини Османи дека сака по секоја цена да постигне договор со Бугарија што беше доживеано како опасност од постигнување на договор на штета на македонскиот идентитет.