Најголемите поддржувачи на скопскиот градоначалник Данела Арсовска, главниот уредник на порталот „Инфомакс“, Александар Митовски, и лидерот на ГРОМ (0,1 % рејтинг според Маркет Вижн анкета), Стевчо Јакимовски, побараа истрага и пријава за Данела Арсовска поради носење на регулациски план во скопската општина Аеродром, објави агенцијата Нетпрес.
Според агенцијата која не е сигурна дали Митовски и Јакимовски ги имаат сите информации за надлежноста во случајот, Регулацискиот план го носи градот Скопје, а таму стои потписот на Данела Арсовска.
Дали „вечниот“ градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, тоа ќе го побара и на прес-конференција останува да видиме, пишува Нетпрес.
Видеото со обвинувањата кон Арсовска од нејзините поддржувачи е на овој линк на netpres.mk