Албанските портали „Струга лајм“ и „Тетова експрес“ објавија неофицијален список со имињата на 13 од 14 загинати пациенти во трагедијата која се случи на 8 септември.
Листата ја сподели и политичкиот аналитичар Арсим Зеколи.
„Што точно, за бога милога, очекувавте од истраги на Заев и Груби кога невротикот од Водно уште пред да се собере пепелот од болниците прогласи дека знае дека не е саботажа? Во полицијска држава водена од полицијски потрчко очекувате вистина и одговорност?, порача аналитичарот.