Полскиот портал Onet.pl објави дека Русија престанала да испорачува гас на Полска.

Се наведува дека ваквиот потег на Русија неофицијално го потврдиле и извори од полската влада и државната гасна компанија PGNiG.

Сè уште нема официјална потврда за оваа информација.

Полската министерка за клима и животна средина Ана Москва, без да ја потврди информацијата, објави дека Полска има доволно природен гас во складиште.

„Нема да има недостиг на гас во полските домаќинства“, напиша таа.

Полска увезува околу 60% од својот гас преку PGNiG од руски Гаспром преку гасоводот Јамал.