Ненормално е што Заев разговара со адвокатката на Јанева

Многу коментари и анализи за признанието на премиерот Заев дека со адвокатката на Катица Јанева инаку сопруга на професорот Фрчкоски разговарал за домашен притвор за обвинителката кија сега е во Шутка.

Според адвокатот Тортевски нормално е Катица да бара бенефиции но ненормално е премиерот да разговара за тоа.

“Нормално е што Катица преку бранителката бара да и се олесни положбата. Не е нормално што за тоа се обраќаат кај премиерот. Уште по ненормално е што тој прифаќа да разговара за тоа”, вели адвокатот Тортевски.