Немир и тотален хаос во комшии на најбезбедниот објект во Македонија (ВИДЕО)

На помалку од еден километар од седиштето на МВР на Оливер Спасовски кое важи за најдобро обезбедена локација во земјава, се случува немир на граѓаните и тотален хаос во кој крадци среде бел ден крадат по куќи во населбата Црниче.

Вчера во 12.46 на пладне во населба Пржино, две лица се обиделе да влезат во неколку куќи со цел да ги ограбат.

Од видеото од надзорот во едната куќа каде сопственикот ги пречекал со пцуење се гледаат телата на крадците кои носат маски.

Сериозна акција на полицијата и проверка на системот Безбеден град може веднаш да ги најде крадците кои низ Црниче и Скопје се движат со моторче.

Во овој дел на главниот град речиси нема ден без кражби.