Немаме фирма која може точно да ја утврди штетата на мостот „Беласица“

Доколку пожарот на мостот „Беласица“ оставил големи последици ќе следи долгогодишна санација, но за утврдување на фактичката состојба во овој случај ниту една фирма во земјава нема доволно искуство ниту пак соодветна апаратура, предупредува професор Санде Атанасовски, во интервју за МИА.

Пензионираниот професор од Градежниот факултет во Скопје кој бил ангажиран на изградбата на мостот од креирањето на идејата до неговото пуштање во употреба, оштетувањата ги дели на две категори: Помали или визуелно воочливи и поголеми внатрешни оштетувања. 


Оценува дека утврдувањето и справувањето со посериозните последици би бил макотрпен процес.