„Немаме договор со Бугарија, но имаме надеж“, вели Османи

„За секој проблем постојат решенија и токму за тие дискутираме. Но, некои од решенијата не ја добиле потребната потврда, затоа моментално немаме никаков договор со Бугарија, ниту потпишан ниту усмен. Но, мислам дека има сè уште надеж, има политичка клима за ова да се случи, доста работевме на ова и мислам дека во добар правец“, изјави министерот Бујар Османи во синоќешното гостување на ТВ21.

Тој вели дека нема постигнат формален договор со Бугарија, ниту пишан, ниту усмен, но дека сите политички фактори во земјава околу ова прашање се на иста страна.

„На пример, пред некој ден до рано изутрината преговаравме и разговаравме со бугарската страна и за тоа ги информирав и премиерот и претседателот на државата – сите сме на иста линија“, изјави Османи.