За прославата за 70-годишниот јубилеј на Академското културно уметничко друштво „Мирче Ацев“ во Македонскиот народен театар немало термин.



Менаџерот на КУД „Мирче Ацев“ Благоја Јовановски за „Република“ вели дека биле одбиени од театарот и од Филхармонија.

„Хорот прослави во Музејот на народна борба… Од МНТ ни кажаа дека нема термин, а потоа и дека немаат луѓе за работа за да не опслужат. Не ни кажаа колку треба да се плати за тие луѓе, ние би си платиле на фактура, можеби очекуваа нешто под рака“, вели Јовановски за Република.

Во петокот во МНТ јубилеј обележаа „Шверцери“, навивачите на Шкупи.