Разрешена мистеријата околу наводниот мистериоџен „осми патник“ во автобусот ан Беса Транс, објјави синоќа бугарската „БНТ“ .

Несовпаѓањето меѓу списокот на повредени во несреќата и списокот на учесници во патувањето на македонската туристичка компанија, според телевизијата, поради грешка грешка настаната во болницата „Пирогов“.

Имено, наводниот патник кој недостигал, Шади Науф ал Салех, се јавил во редакцијата на БНТ и објаснил дека нема никаква врска со несреќата.

Тој е бугарски државјанин, а во саботата бил примен на трауматолошкиот оддел на Пирогов поради скршеница на раката.

Во клиниката по грешка го внеле во списокот со повредени од автопатот Струма. Салех веќе е отпуштен од болницата, пишува „БНТ“.

Претходно имаше сведочење на преживеан дека биле спасени 8 луѓе од запалениот автобус наспроти податокот дека во болницата со амбулантни возила биле пренесени 7 патници.