Минатиот викенд кога од „Арчелор Митал“ во Вардар истече отпад што ја обои реката во жолто и предизвика помор на риби, државниот инспекторат не излегол на терен, бидејќи луѓето кои требало тоа да го направат биле на службен пат.

“Во понеделникот тие излегле на терен, но можноста за координирана акција во недела, да се земат примероци од реката и да се земат примероци од испустот, таа можност била пропуштена” изјави државниот секретар во Министерството за екологија, Ана Петровска, во гостување на Топ Тема.