Автобусот ,а Беса Транс што изгоре на автопатот Струма кај селото Бошнек, во кој загинаа 44 , не носел канти со гориво.

Ваквите шпекулации во некои медиуми ги отфрли Борислав Сарафов, заменик главен обвинител и директор на Националната истражна служба.

„Оваа верзија беше детално истражена, но категорично отфрлена од наша страна. Пронајдени се само 3 канти, но не беа полни, не се запалија, пожарот не настана од нив. Нема ништо необично во нив, освен нормални течности од возилата – гориво, моторно масло и масло за пренос“, рече Сарафов.

Истрагата е насочена кон човечка грешка, веројатно потпомогната од лошите услови на патиштата – лошата ознака, лошата сигнализација и организацијата на сообраќајот. А најмногу од се – опасната заштитна ограда во која удри возилото.