За денеска напладне е најавен протест на пациентите со цистична фиброза бидејќи немаат одговор од надлежните институции до каде е работата со набавката на „трикафта“ за сите на коишто им е неопходна.
Во моментов лекот „трикафта“ го примаат 12 лица.
Претседателот на Асоцијација за цистична фиброза, Фики Гаспар за медиуми појасни дека протестот ќе биде пред Министерството за финансии, затоа што сметаат дека доколку се обезбеди буџетот (за лекови), работите ќе бидат многу побрзи.
Неофицијално, како што вели Гаспар, на Влада поминало, уште 18 пациенти да добијат лек.
„Тоа е за поздравување, но, ние апелираме дека го бараме лекот за сите пациенти – вели Гаспар – за да нема несигурност и страв кај пациентите. Ако е точно, ќе има страв дали се во таа бројка, кога ќе дојде за нив“.
