Еден од двајцата лидери на германските владејачки социјалдемократи изјави дека останува скептичен за барањето за снабдување на Украина со германски тенкови Леопард без координација меѓу сојузниците на НАТО.
„Ниту една земја не испорачува борбени тенкови толку тешки како Леопард 1 или 2“, рече Ларс Клингбејл во интервју за RTL/ntv во саботата.
Тој посочи дека рускиот претседател Владимир Путин презема крајно брутални дејствија во Украина и веќе долго време вели дека западните земји, како Германија, се страна во војна.
„Во оваа смисла, точно е дека Американците, Французите, а исто така и ние како германска федерална влада, повторно и повторно го одмеруваме нашето учество во оваа војна“, рече Клингбејл.
Важно германската влада да не биде сама во обезбедувањето воена помош за Украина, додаде тој.
Социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Берлин ќе му даде на Киев 40 борбени возила „Мардер“ и батерија „Патриот“ по неколкумесечно противење на барањата на Киев.
Одлуката заеднички ја објавија Берлин и Вашингтон откако Шолц разговараше со американскиот претседател Џо Бајден.
Сепак, Шолц не ѝ ветил на Украина тенкови „Леопард“.
Франција неодамна соопшти дека ќе и достави на Украина извиднички возила, опишувајќи ги како „лесни тенкови“.
Анкетата што ја спроведе Инса за весникот „Билд“ покажува дека 49 отсто од испитаниците генерално се против одлуката за снабдување на Украина со оклопни возила „Мардерс“, а 40 % ја поддржуваат таквата одлука.
50 отсто од испитаниците се против испораката на Леопард, а 38 отсто се „за“.