Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков реагираше на изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека Киев е подготвен за итни преговори за евакуација на луѓето од „Азовстал” во Мариупол.
„Претседателот (Путин) јасно стави до знаење дека цивилите можат да излезат и да заминат каде сакаат.
Милитантите мора да го положат оружјето и исто така да излезат. Нивните животи ќе бидат спасени. На сите повредени и болни ќе им биде укажана медицинска помош“, истакна Песков, притоа реторички прашувајќи
„Што има да се преговара во овој случај?”.
