Нема попис сега – одложен за септември

Лидерите на владејачката СДСМ и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијасн Мицскоски се согласија на денешната средба пописот да се одложи за септември.

„Во овој момент најважно е здравјето на граѓаните“, изјави по средбата Мицкоски.

На прашањето околу започнатиот процес за евидентирање на дијаспората, Мицкоски рече дека тој останува отворен до септември.

Станало збор и за локалните избори, па договорено е наместо во првата половина на октомври, да бидат одложени во втората половина на октомври, изјави по средбата Мицкоски.

Околу прашањето за влада за национален спас или експертска влада, Мицкоски рече дека се уште не е дојдено време за тоа.